Операторите на електричните мрежи во Кина се спротивставија на плановите за зголемување на генерирањето струја од обновливи извори за да се задоволат потребите на индустријата за вештачка интелигенција.
Предупредуваат дека тоа ќе ги зголеми ризиците за издржливоста на мрежата, бидејќи се уште е тешко да се предвиди врвната побарувачка од идните центри за податоци.
Извештај на Меѓународната агенција за енергија (IEA) наведува дека во снабдувањето со електрична енергија за центрите за податоци во Кина доминира јагленот, со удел од близу 70% во 2025 година, обновливите извори сочинуваат 20%, а нуклеарната енергија 10%.
Планот е до 2030 година да се додадат уште 90 Терават часови струја генерирана од фотоволтаични и ветерни централи, главно поради плановите за изградба на центри за податоци во западниот дел на земјата.
Експертите заклучиле дека тоа не е изводливо.
Од она што сега го разбираме, центрите за податоци не можат многу да го прилагодат оптоварувањето на потрошувачката на енергија. Графичките процесори вградени во системот се многу скапи, па се бара да се користат што е можно побрзо и поинтензивно, изјавил Пеи Шанпенг, директор на енергетската компанија СПИК.
Кина интензивно бара и иновативни начини за растоварување на мрежата со експериментални штедливи дата центри. Кај Шангај неодамна беше пуштен во погон првиот центар за податоци што е целосно под морската површина, директно разладуван од водата, за кој оценува дека троши 20% помалку струја од класичните.
Со подводните центри, исто така, се избегнуваат локациските проблеми и се заштедува повеќе вода од реки и езера за земјоделството и индустријата.
*******
Види и: Кина отвори подводен дата-центар за ВИ