Гугл се откажува од составување модуларен телефон

Заради проценка дека многу се имаат распленето со хардверот, Гугл одлучи да го укине проектот Ара, чиј амбициозен план беше создавање модуларен смартфон (во основа, телефон чии делови можат да се менуваат како Лего коцки).

Одлуката преставува пресвртница за компанијата која во мај годинава на една од своите конференции објави голем број партнери со кои соработува на проектот Ара, дополнувајќи дека првичната верзија на уредот ќе биде испорачана есенва.

Постои можност проектот да "продолжи да живее" доколку компанијата одлучи дел од технологијата што ја создаде во досегашниот тек на истражувањето, да им ја понуди на други технолошки компании, најверојатно преку договори за лиценцирање.

Аналитичарите и претходно оценуваат дека создавањето на ваков уред е прилично проблематичен зафат, пред се заради димензиите на потенцијалниот смартфон и цената на производство.

А добра им беше идејата:

 

3 септември 2016 - 12:00