Со волкав буџет (во кој не се вклучени парите од маркетинг), правењето на GTA 5 го чини Rockstar повеќе отколку снимањето на кој било холивудски блокбастер, со исклучок на "Pirates of the Caribbean: At World's End," кој чинеше 300 милиони долари.
За споредба, буџетот на трите најскапи игри до сега едвај ја мина границата од 100 милиони долари. Од овие три, само првата не е игра на Rockstar :
Disney Infinity: +100 милиони долари
Grand Theft Auto IV: 100 милиони долари
Red Dead Redemption : 80-100 милиони долари
Единствената игра која би можела да и се приближи на 5-та е "Star Wars: The Old Republic" чиј буџет се очекува да биде некаде околу 200 милиони долари (до сега играта ја правата околу 6 години).
За споредба, гејмингот се проценува дека минатата година бил индустрија вредна 67 милијарди долари, додека Холивуд во САД од продажба на влезници заработил 10,8 милијарди долари.
Рокстар проценува дека играта до крај на годината ќе заработи 1 милијарда долари. Мината година Call of Duty: Black Ops II заработи 1 милијарда долари за 15 дена. Претходното издание од истата игра Call of Duty: Modern Warfare, стигна до 1 милијарда за 16 дена.
На Аватар му требаа 17 дена за да стигне до 1 милијарда.