Galaxy S25 Ultra: телефон што ја обликува иднината

Samsung минатата недела ја претстави најновата, со нетрпение очекувана серија телефони Galaxy S25, а со неа и својата најголема мобилна иновација досега – Galaxy S25 Ultra, паметен телефон кој ја обединува најнапредната вештачка интелигенција, врвен дизајн и моќни перформанси во едно незаменливо искуство. Со својот револуционерен AI ProVisual Engine, најмоќен процесор досега изработен специјално за Galaxy, ултра издржлива титаниумска рамка и најдолгото траење на батеријата досега, овој уред е симбол на новата генерација на мобилни технологии.

Фотографија и видео – редефинирани со AI

Со AI ProVisual Engine, Galaxy S25 Ultra ја носи мобилната фотографија и видеографија на ново ниво. Без разлика дали фотографирате при слаба осветленост, снимате динамични сцени или сакате професионални портрети, Galaxy AI автоматски ги прилагодува поставките за совршени резултати. Благодарение на Audio Eraser, бучавата од позадината во вашите видеа се елиминира со еден допир, додека AI аудио прилагодувањето го оптимизира звукот – било да се работи за глас, музика или амбиентален шум. Ултра-широката камера од 50 MP носи неверојатна јасност и деталност, додека 10-битното HDR снимање ги оживува боите, со четирипати побогат израз во споредба со традиционалните технологии. А тука е функцијата Portrait Studio со која ќе се забавувате непрестано креирајќи аватари со реални изрази на лицето, додека новите филтри ќе додадат филмска естетика на вашите фотографии и видеа, правејќи секој момент да изгледа како професионално уреден. Сите овие иновации комбинираат врвна технологија и креативност за да ви овозможат единствено и беспрекорно мобилно искуство.

 

Моќ што трае и дизајн што инспирира

Galaxy S25 Ultra не е само паметен телефон – тој е изјава на совршен спој на елеганција и издржливост. Со ултра цврста титаниумска рамка и новиот Corning® Gorilla® Armor 2, кој нуди понапредна заштита од падови, отпорност на гребење и анти-рефлексен третман, тој е дизајниран да трае и да се справи со сите предизвици. Заоблениот, префинет изглед на уредот ја отсликува уникатната визија на серијата Galaxy S, а вграденото S Pen пенкало овозможува уште поголема продуктивност и креативност. Galaxy S25 Ultra е 15% потенок од претходниците и е достапен во четири премиум бои: титаниум сребрено-сина, титаниум црна, титаниум бело-сребрена и титаниум сива.

Нова ера на AI паметни функции

Влезете во иднината со Galaxy AI, вашиот личен асистент кој ги знае вашите потреби пред да ги изговорите. Нема потреба од преминување од една апликација на друга – со Personal Data
Engine, Galaxy AI ги комбинира вашите примарни податоци за да ви нуди интелигентни предлози во вистинскиот момент. А со Google Gemini, доволно е само да притиснете долго на страничното копче и со природен говор да кажете што ви треба – уредот веднаш ќе го изврши тоа за вас.

Функцијата за Транскрипција на повик (Call Transcript) и резиме ја организираат вашата комуникација, додека Помошта при пишување овозможува резимирање на содржина и автоматско форматирање на белешки, без потреба за префрлање помеѓу апликации. За дополнителна креативност, функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) овозможува комбинирање на скици, текст и визуелни насоки за оживување на вашите идеи. Пребарување со заокружување (Circle to Search) е значително подобрена и сега, пребарувањето на екранот не е само брзо и едноставно, туку и контекстуално прилагодено. Со едноставен допир, Galaxy S25 автоматски препознава телефонски броеви, е-пошта и URL-адреси, овозможувајќи ви да се јавите, испратите порака или посетите веб-страница без никаков напор.

Безбедност на следното ниво

Вашите лични податоци остануваат само ваши. Knox Vault ги шифрира и чува сите важни информации директно на уредот, недостапни за никого освен за вас. Безбедноста на Galaxy S25 Ultra е создадена за модерното дигитално време, каде приватноста е приоритет.

Вашиот совршен партнер за секој момент

Galaxy S25 Ultra е повеќе од телефон – тој е вашата лична AI асистенција, професионална камера, продуктивен работен алат и сигурен заштитник на податоците. Со најдолгото траење на батеријата, ултра брзи перформанси и револуционерна AI технологија, ова е уред создаден да го обликува начинот на кој комуницираме, работиме и се забавуваме.

Добредојдовте во новата ера на мобилната технологија – Galaxy S25 Ultra е тука за да ви помогне да го живеете секој момент на најпаметниот начин!

(Комерцијален текст)

29 јануари 2025 - 18:42