Мобилен интернет
ДОБРО Прилагодлив веб дизајн
Идејата зад прилагодлив веб дизајн е дека без разлика на тоа каков уред користиш за да пристапиш на некоја веб страна (компјутер, таблет, мобилен) секогаш ти се сервира истиот код. Динамичниот распоред на страната сам се адаптира на екранот на кој што таа е прегледувана. Ова не гарантира дека секој посетител на твојот сајт ќе има одлично искуство, ама затоа па има многу помалку работа за тебе и многу помалку шанси за грешка и превид, бидејќи се правиш на еден ист темплејт, без да треба да создаваш посебни верзии на странта.
СТАРО Игнорирање на мобилниот интерфејс
Ако не можеш да направиш прилагодлив дизајн барем гледај да направиш посебно место за сите што ти доаѓаат од мобилни уреди, дури и ако тоа значи префрлување на различно УРЛ. Подобро е отколку ништо. Меѓутоа премногу сајтови не прават ништо, туку едноставно им ја служат десктоп верзијата на мобилните / таблет корисниците.
ГЛУПО Симни ја нашата апликација
Кога сурфаш на мобилен и кога ќе внесеш некое УРЛ или ќе кликнеш линк на Твитер, очекуваш да ја видиш страната што си ја побарал. Наместо тоа, добиваш банер што ти вика - Еј, те гледам дека си на смартфон, ај симни ја мојата апликација.
Многу е едноставно, мрежата е отворена платформа, апликациите не се. Зошто за секој медиум да отворам посебна програма, кога можам да ги имам сите медиуми / страни во иста програма. Таа не е вашата апликација, туку е мобилен интернет пребарувач.
Споделување фотографии
ДОБРО Snapchat
Чиста генијалност. Правиш фотографија и му ја праќаш на пријател. Ставаш тајмер, до кога твојот пријател може да ја гледа сликата пред да исчезне. Дури добиваш и нотификација ако некој направил скриншот. Чиста работа.
СТАРО Instagram
За Ајфон корисниците на Инстаграм, годинава беше полна со порази. Прво им го укинаа филтерот Gotham, потоа извадија Андроид верзија, па ја продадоа компанијата на Фејсбук, па ја прекинаа соработката со Твитер, за на крај да го направат потегот со новите правила за приватност.
ГЛУПО Color
Кога апликацијата се појави, еден од главните проблеми беше - што воопшто прави таа? Откако ќе ја симнеш стануваш уште позбунет околу нејзината намена. Сето ова заедно резултираше со затворање на компанијата и последователно гасење на апликацијата.
Домашно аудио
ДОБРО Блутут стриминг
Ако купувате какво било озвучување кое би требало да се спои со вашиот мобилен, гледајте да има Блутут. Универзален е (нема уред што нема Блутут) плус со некои од новите апдејти на технологијата (apt-X codec) квалитетот на аудиото е подобар од кога било.
СТАРО AirPlay
Моментално AirPlay е едно од најтешко одбранливите решенија за аудио стриминг. Прво сите уреди со AirPlay функционалност се поскапи за 50 до 100 долари, второ проблеми со DRM, трето не е воопшто стабилно. Како и сите останати опции за стримување музика преку ВиФи и ова има проблем со скокање, замрзнување и губење на звукот.
ГЛУПО Докови
Веќе имате се што ви треба за стримување на аудио по дома. Докот не ви треба.
целата листа на Wired