"Сегашната некомпатибилност на полначите е вистинска ноќна мора за потрошувачите. Ќе ѝ ставиме крај на таквата ситуација што истовремено ќе биде добра вест за човековата околина и потреба од намалување не електронскиот отпад," ја цитира магазинот PCWorld Барбара Веилер, од работните групи на Европскиот парламент.
ЕУ го почна процесот на унификација на мобилните полначи уште во 2012-та кога таа потреба беше спомната во новите правила за радио опрема, наменати првенствено за новите уреди и сервиси да не си пречат меѓусебно. Следеа уште неколку фази меѓутоа нејасно е кога идејата ќе биде докрај и практично реализирана.
Прв што паѓа на ум како можна пречка е гигантот Епл, кој секогаш игра само според соствените правила за полначи. Но, во Брисел веруваат дека американската комапнија ќе се прилагоди на регулативата на европскиот пазар.