Дали сакате вашата машина за алишта сама да го избира програмот за перење, да одлучува колку детергент е потребен и да штеди струја?

Вештачката интелигенција како дел од денешното живеење доживува постојан напредок и усовршување на својата улога во новите модерни технологии кои ги внесуваме во нашиот паметен дом (Smart Home) преку бројни уреди кои ги користиме на дневна основа, почнувајќи од најкористените мобилен телефон или телевизор, па се до апаратите за домаќинство.

Брзиот напредок е само друг израз за тоа колку иновациите „преку ноќ“ се менуваат, а за тоа што ќе ни донесат утре, можеме слободно да ја пуштиме нашата фантазија „на најјако“ и да не погрешиме. Но, што ново и иновативно од апаратите за домаќинство ни се нуди денес?

Samsung тукушто лансираше на нашиот пазар нови модели на паметни апарати за домаќинството кои далеку ја надминуваат едноставната практичност. Како што велат од компанијата, целта е да создадат апарати со ВИ кои постигнуваат две работи – да бидат лесно достапни секому и да придонесуваат за намалување на влијанието врз животната средина.

Новите машините за перење на алишта со капацитет за перење до 11 килограми  со предно полнење со SmartThings AI Energy Mode донесуваат до А-40% екстра енергетска ефикасност кај моделот WW8400, односно до А-20% екстра енергетска ефикасност за моделот WW7400. Намалувајќи ја потрошувачката до 70% благодаредие на технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката.

Со помош на вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така, дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми. SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина.

RB6000D фрижидерот со долен замрзнувач со режим SmartThings AI Energy и сеопфатно ладење донесува иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање на храната. Режимот AI Energy Mode во апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Вештачката интелигенција кај овој фрижидер придонесува тој да биде ефикасен и при одмрзнување, регулирајќи ја температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но и покрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™, додека пак технологиите No Frost и Power Cool + Power Freeze совршено ќе се погрижат за вашата храна и намирниците.   Како опција за поголем фрижидер e моделот  RF9000 со T Style француска врата и Beverage Center кој се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој фасцинантен уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус, и што на многумина им е многу важно – ќе имате и повеќе од доволни количини на готов мраз во секое време. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење, ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси.

Најновата линија на апарати за домаќинство со ВИ кои совршено се вклопуваат во секој дом,  е веќе достапна и кај нас во малопродажба.

Повеќе информации за производите можете да прочитате на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/refrigerators/bottom-mount-freezer/rb6000d-5…
https://www.samsung.com/mk/refrigerators/french-door/rf9000d-rf9000dc-t…
https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washing-machines/ww8400d-…
https://www.samsung.com/mk/washers-and-dryers/washing-machines/ww7400d-…

(Комерцијален текст)

24 април 2024 - 10:22