Блекбери ги потсети своите корисници дека на 4-ти јануари ќе ги исклучи сервисите кои се уште ги одржува за оперативниот систем Блекбери 7,1 и постариот Блекбери 10, како и Плејбук ОС 2.1 и постари верзии.
Ова значи дека уредите кои ги користат овие оперативни системи повеќе нема да може да се користат за телефонски повици, пораки и интернет конекција, вклучително и повикување на итни служби како полиција, брза помош или пожарна.
Последната верзија на софтвер Блекбери ја има објавено во 2013, во 2016 тие транзиционираа во фирма за безбедносен софтвер која работи за светски корпорации и влади, за во 2020 да објават дека се ближи крајот за нивните уреди.
Во пикот, во 2012, Блекбери имаше 80 милиони активни корисници.
Дури и да не беше одлуката на Блекбери, овие уреди секако ќе „умреа“ бидејќи за сите комуникациски функции користат 3Г технологија, која веќе треба да е изгасена од најголемите американски мобилни мрежи.