Екипа од МИТ нашла начин како опасниот и штетен отпаден елемент каков што е јаглерод диоксидот да се претвори во нешто корисно, како дел од батерии.
Нивниот пристап е сосема поинаков од досегашните обиди да се справиме со оваа белја: да создаваме помалку енергија, поинаку да доаѓаме до неа или пак да се најде начин како јаглеродниот диоксид да се зароби пред да отиде во атмосферата. Последново звучеше многу надежно и на таа идеја се потроши многу пари и енергија (sic!), но никако да се најде начин тоа да биде економски исплатливо. Процесите на врзување и одврзување на CO2 со амино раствори коштаат бааги и ја качуваат производната цена за околу 30%.
Но, една цака од таа технологија е употребена и во овој новитет на луѓето од МИТ. Батеријата е направена од катода која создава електрони, анода која ги прима и електролит, супстанцата која го спроведува електрицитетот меѓу тие две. Истражувачи и претходно доаѓале до идеја да го користат јалегрод диоксидот како елемент во електролитот но секогаш доаѓале до истиоот ќорсокак: CO2 е доста инертен и му треба јака волтажа да почне да се однесува како спроводник. Имаат ставано и метални катализатори за да го направат пореактивен но тие метали се скапи а и реакциите не се лесни за контролирање. Тука екипава решила да позајми дел од технологијата која се користи во проектите за заробување на CO2 и да го раствора гасот во амино раствори претворајќи го во течност (детали има тука).
Во теорија, системот би можело да се инсталира во големи електрични централи и континуирано да го користи јаглеродниот диоксид кој во друг случај би завршувал во атмосферата.
Идејата е возбудлива но рано е за славење и има доста проблеми за решавање. На пример, во моментов системот им држи само околу 10 празнења и полнења, за разлика од повеќето литиум-јонски батерии кои траат преку 500 циклуси.