Свет

Америка, Балкане мој

По Јулијанскиот календар, денес е Бадник. Според Грегоријанскиот, во САД им се падна 27ми април.

Асанж нема да биде екстрадиран во САД

Се очекува ќе биде поднесена жалба по одлуката, но за сега останува дека Асанж нема да може да биде екстрадиран во Соединетите држави каде го чекаат за да му се суди за шпионажа и хакирање на владини компјутери.

НАТО годинава 350 пати пресретнувал руски воени авиони

Од над 400-те наредби за итно полетување на ловците на НАТО во одбрана на европските членки, 350 биле дадени по забележување на руски воени авиони каде што не треба да има руски воени авиони.

Со сегашното темпо САД за 10 години ќе вакцинира доволно Американци против ковид

Беше најавена како „Операција варп брзина“ и како таква почна со некои 200.000 вакцинирања на ден што е одлична бројка, меѓутоа не и за земја со народ колку САД.

Првиот турски карго воз стигна во Кина

Турција и Кина се испофалија дека се поврзале железнички за карго превоз. Добро, не е тоа некоја амбициозна делница како меѓу Македонија и Бугарија. Ова нивното е само.8.693 километри.

Ќе го апсат ли?

Основи за започнување на истрага против Доналд Трамп ги има неброени (само Милер во својот извештај за Русија даде 10 примери кои можат да бидат толкувани како попречување на правдата), ама зад тие основи треба да застане некој со сериозна политичка моќ, а и волја.

Да, за 900-те милијарди долари за американската економија

Се работи за пакет кој неколку месеци комплетно ја блокираше работата на Конгресот и кој на законодавците им беше испорачан на само неколку часа пред гласањето со сите свои речиси 5.600 страници. Како и да е, пројде, во 90-та минута.

Ако бевме ние, немаше да остане жив

Труењето на Алексеј Навални да беше дело на руските тајни служби, тој немаше да остане жив како што е во моментов, изјавил рускиот претседател во врска со целата афера.

Париз казнет со 90.000 долари заради премногу жени функционерки

Париз го прекршил законот за родова рамноправност, меѓутоа овој пат на штета на мажите, бидејќи претерале со вработување жени на високи функции во градот.

На Абрахам Линколн му одѕвони во Сан Франциско?

Абрахам Линколн се најде на списокот на историски ликови кои живееле живот обележан со расизам, репресија и прекршување на човековите права, заради што не заслужуваат училишта да го носат нивното име.

Британија откри дека има наезда на кинески комунисти

Британски конзулати, универзитети, банки и компании се преполни со лојални членови на Комунистичката партија на Кина, покажува протечената база со податоците на 1,95 милиони регистрирани членови на партијата.

На Американците се повеќе им лепи раката

Менаџери на супермаркети раскажуваат како барем еднаш на ден гледаат како некој става пакетче месо или ориз под блуза, а пелени, шампони и детергент почнало да снемува во се поголеми бројки.

Брегзит, сепак, најверојатно ќе продолжи без договор со ЕУ

Објавата е од претседателката на Европската комисија и следува по целовечерни преговори меѓу двете страни.

Кошмарниот старт на Бајден

Новиот американски претседател ќе добие нација преплашена од ковид, со рекордно висок дневен број на починати, сезона на грип која го достигнува пикот, и ресторани и мали бизниси уништени од пандемијата.

Учиме од Данци: доволно е „хјуга“ ајде малку „самфундсинд“

Хјуга (hygge) е данската животна филозофија за која сите некако сфатија дека е доволно да пијат чај покрај прозор за да ја постигнат. Кај самфундсинд (samfundssind) не се работи за тебе, се работи за сите.

Русите на крај ја оплескаа со Спутник вакцината

Не, не, вакцината уште е добра, уште го има високиот процент на имунизирање, и уште важи сето тоа што беше објавено по светските медицински журнали, и уште се произведува и се вакцинираат луѓе со неа, само неодамна насоките околу Спутник вакцината беа надополнети со неочекувано ново правило - вакцинираните 2 месеца не смеат да пијат алкохол.

Како Трамп упорно ги победува анкетарите

По 4 години штимање на своите равенки за да не им се повтори резилот од претходните избори, во 2020 анкетарите повторно утнаа околу бројот на гласови што Трамп ќе го освои на изборите.

Стотици Англичани чекаат да ја маваат Тачер со јајца

Како што Грантем, родниот град на Маргарет Тачер, се подготвува да ја открие 300.000 фунти вредната статуа на поранешната премиерка, така стотици жители на островот ветија дека на истиот ден ќе се појават таму за да ја маваат статуата со јајца.

Во Брисел, партали

Еден евро-пратеник и неколку дипломати се меѓу 25-те мажи уапсени во бар во Брисел заради прекршување на мерките против ковид-19 во форма на - оргија.

Зошто толку многу Американци гласаа за Трамп?

Да, Трамп изгуби на изборите, ама... во поразот успеа да собере повеќе гласови отколку кој било друг претседател во историјата на САД, а таму каде што Бајден победи разликата главно беше маргинална, и сето ова по 4 години Трамп и катастрофално справување со ковид-19 пандемијата.

Кина не запира во обидите да ја смени приказната за настанокот на ковид-19

Додека светот се бори да ги пофаќа илјадниците случаи на ковид-19, Кина (која со милијарда и триста луѓе упорно стои на околу 87.000 заразени) активно работи да ја смени приказната за тоа од која држава дојде вирусот.

Берни Сандерс: Ако не ја вратиме работничката класа, нè чека нов Трамп

Демократите можат да здивнат но само привремено. Ако не покаѓаѕт храброст да им застанат на опашката на Волстрит и моќните индустриски комплекси, на следните избори ќе изгубат дополнителни милиони гласови од работниците кои и натаму во ликови како Трамп ќе гледаат свои гласноговорници, предупредува Берни Сандерс.

Од Москва не полета цел авион полн со лажњаци негативни тестови за ковид-19

Речиси 200 патници на летот од Москва до Џенгџоу прикажале комплетно идентични негативни тестови за коронавирус заради што авионот останал на пистата на аеродромот во Москва.

Само лична одговорност е пропаст

Од САД доаѓаат 3 бројки: 2 милиона, 1,2 милиони и 83.782. Првата е бројот на луѓе што во петокот и саботата ја минале задолжителната проверка на ТСА на американските аеродроми, втората е бројот на нови ковид-19 случаи во САД во минатата недела, а третата е бројот на ковид пациенти во американските болници.