Весникот Никеи, објави дека три јапонски компании веќе работат на проширување на своите капацитети за производство на она што го нарекуваат "производи за невоздржаност" заради очекуваниот скок на нивната побарувачка. Според весникот, пелените за возрасни до 2020-та ќе бидат повеќе купувани од бебешките пелени.
Пазарот на пелени за возрасни во Јапонија расте за 6 до 10% годишно и веќе носи 1,4 милијарди долари. Земјата ја има најголемата популација во светот на лица над 65-години, на кои отпаѓа над 20% од населението.
Станува збор за доста привлечен бизнис, бидејќи пелените за возрасни се продаваат за 2,5 пати поголема цена отколку бебешките, што резултира и со поголеми маргини.