
Барањето за исфрлање на наведените термини го поднела „Националната асоцијација на полицајци муслимани“ (да, имаат такво нешто) со образложение дека ваквите термини ја подгреваат исламофобијата и дека нивната употреба не им помага на добрите односи меѓу заедниците и ја зголемува недовербата.
Како една од алтернативите се предлага во иднина да се користи терминот „тероризам заснован на вера“ но тоа не е најнесмасната идеја; во опптек се алтернативните поими „наследници на идеологијата на Бин Ладен“ и вонсериски глупиот „терористи кои ги злоупотребуваат религиозните мотиви.“
Асоцијацијата инсистира полицијата да ги исфрли сите термини кои директно се поврзуваат со Исламот односно тие да бидат верски неутрални.
Ако исламските терористи не се поврзани со Исламот, прашање е дали христијанските Крстоносци се поврзани со христијанството, дали десничарските терористи се поврзани со десницата и дали бугарскиот фашистички окупатор има врска со Бугарија.
Тоа е тоа ново силување на говорот и контрола на мислата и јавната дебата преку новоговор, секојдневно ажурирање на листата на забранети зборови и везден будни и ревносни твитер кербери кои ќе го чуваат новиот поредок.