Воен удар во Турција

Турските и светските медиуми јавуваат дека турската војска ги блокирала стратешките точки во Истанбул и дека најверојатно се работи за воен удар.

BBC и други извори наведоа дека Босфор е запечатен, блокирани се главните мостови во Истанбул, над Анкара во низок лет крстареле воени авиони а се слушале и пукотници. Преку социјалните рмежи се шири и веста дека околу истанбулскиот аеродром се распоредени тенкови.

Ал Џезеира  ја пренесе изјавата на турскиот премиер Бинали Јилдирим дека војската делувала без одобрение на цивилните власти.

"Во прашање е побуна против демократијата и волјата на граѓаните. Тоа нема да го дозволиме а тие кои се обидуваат да го изведат тоа сигурно ќе платат," рекол Јилдирим.

Засега е нејасно дали се работи за побуна на дел од армијата kako што тврди Јилдирим или пак за топтан воен удар и обид војската да ја презеде власта во земјата од рацете на Ердоган.

 

15 јули 2016 - 22:45