Израелски воени авиони доцна синоќа извршија жестоки напади врз воени позиции во сириските провинции Латакија и Тартус. Нападите биле насочени кон голем број локации, вклучително и единици за противвоздушна одбрана и складишта за ракети земја-земја.
Сириската опсерваторија за човекови права оцени дека синоќешниот напад на Тартус претставува „најтешкиот удар“ во областа во повеќе од една деценија, поточно од 2012 година.
Доцна синоќа регистриран е и земјотрес (3,1) кој многумина го поврзуваат со монструозната експлозија во Тартус:
Во меѓувреме, владата на Нетанјаху го одобри планот за проширување на еврејските населби на Голанската висорамнина. Таа беше заземена од нивна страна во шестдневната војна во 1967 година но поголемиот дел од светот (освен САД) тоа го сметаше за окупирана територија. Веќе во првите моменти од падот на Асад, Израел прати воени сили во тампон зоната а сега планира да го удвои бројот на населението таму.
„Немаме интерес за конфликт со Сирија,“ ќе рече Нетанјаху, но исто така, ќе додаде дека „израелската политика кон Сирија ќе ја одредиме во склад со реалноста на теренот.“