Повиците за создавање залихи зачестија откако Пентагон го најави долгорочниот план FORTRESS, според кој сите воени бази во САД мораат да бидат подготвени да издржат 90 дена во целосна изолација од енергетската мрежа и синџирите за набавка на храна и вода.
Тревогата веднаш се пренесе и до американските граѓани, а само во текот на изминатата недела, листата со предупредувања се прошири на уште дваесетина земји.
Дејствувајте веднаш. Обезбедете си ги вашите работи уште денес. Ве молам. Направете го тоа за вашето семејство, повика поранешниот заменик-директор на ФБИ, Ден Бонџино.
Иако не е директно поврзан со предупредувањата, грабежот на криптовалути во вредност од 6,3 милијарди долари од берзата Binance се користи како пример за заканата од непријателски земји и хакери врз државните системи и јавната инфраструктура. За нападот беше обвинета севернокорејска хакерска група. Злонамерните актери сега имаат на помош и алатки со вештачка интелигенција, кои овозможуваат упад и во „непробојните“ криптографски заштити на криптовалутите.
Упатства во Северна Америка објавија САД, Канада и Мексико. Европа има најдолг список, кој ги вклучува Британија, Ирска, Франција, Германија, Холандија, Данска, Норвешка, Шведска, Финска и неколку балтички и источноевропски држави. Во Азија, слични предупредувања издадоа Јапонија, Тајван, Израел, Индија, Филипините и Сингапур.
Ве молам, подгответе доволно храна, тоалетни средства и вода дома за да можете да се справите дури и без поддршка од владата најмалку три дена до една недела, ако е можно, изјави јапонскиот министер за управување со катастрофи, Гоши Хосоно.
Јужна Африка е единствената африканска нација на листата, а во Јужна Америка објавени се повици до жителите на Бразил, Чиле, Колумбија и Аргентина.
Секоја земја наведува различни причини за тревогата. Јапонија истакнува „силен земјотрес“, а Австралија укажува на „циклони, поплави и шумски пожари“. Балтичките и скандинавските земји посочуваат на закани од руска воена агресија. Британија наведува екстремни временски услови, кибернетски напади врз инфраструктурата, и „државно спонзориран тероризам“.
Основните препораки за залихи се речиси идентични: По 1 галон (околу 3,8 литри) вода дневно по лице за период од најмалку три дена; храна што не се расипува; радио-приемници и рачни светилки со резервни батерии; комплет за прва помош; залиха на лекови на рецепт за една недела; како и основни средства за хигиена.
Бонџино препорача и опрема за филтрирање на вода, систем за собирање дождовница и таблети за прочистување вода.
******
Види и: Британците од зорт се изнакупуваа тоалетна