Тројца њујоршки полицајци отруени со варикина во сендвичара

Веста ја објавија две здруженија на њујоршки полицајци според кои тројца нивни колеги завршиле со труење откако во понеделникот пиеле милк-шејкови од Шејк шак ланецот за брза храна во Менхетен. Според полицијата, шејковите најверојатно биле затруени со варикина.

Полицајците, инаку сите во униформа, веќе испиле дел од шејковите кога се посомневале дека тие се затруени. Сите тројца се итно префрлени во болница, а полицијата допрва сака да утврди дали инцидентот бил од „случајна или намерна природа“.

„Кога њујоршки полицаец не може ни да јаде без да биде нападнат, јасно е дека околината во која работиме е влошена до критично ниво,“ напишал на Твитер претседателот на здружението ПБА во кое членуваат над 50.000 полицајци, Патрик Линч.

Според друго здружение на њујоршки полицајци, нивните колеги намерно биле отруени од вработен или вработени во сендвичарата.

Шејк шак изрази жалење за инцидентот и објави дека работи со полицијата на разрешување на истиот.

16 јуни 2020 - 10:32