"Мислам дека Ангела Меркел направи трагична грешка во врска со мигрантите", изјави Доналд Трамп за конзервативниот француски неделник Valeurs Actuelles. "Ако со ситуацијата не се справите цврсто и компетентно, да, тоа е крајот на Европа. Ќе се соочите со вистински револуции," прогнозираше милијардерот.
Ова е на линија на размислувањето на сериозни европски државници и политичари кои сметаат дека германската политика на отворени врати може да ја уништи Унијата, првенствено слободната Шенген зона која е еден од нејзините најмаркантни обележја. Тоа мислење го делат и Доналд Туск и холандскиот премиер и самиот германски претседател Јоаким Гаук.
"Не можеме веќе да се справиме со вакви бројки," изјави последниов на јануарскиот самит во Давос.
Но, тоа не е сè што Трамп има да каже за Европа. Според него, строгите европски закони за поседување оружје носат дел од вината за крвавите епилози на слупувањата како оние во Париз:
"Јас со мене секогаш носам оружје. Да се најдев јас во Батаклан, верувајте дека ќе пукав," рече човекот кој веројатно никогаш не би влегол во Батаклан.
Истиот планира да ги затопли односите со Владимир Путин:
Тој (Путин) смета дека сум брилијантен. А тоа е знак дека човекот е интелигентен", рече Дамб.