Освен пофалбите за постигнатото, Оливер го критикуваше Кси заради начинот на кој ја консолидирал власта, укинувањето на ограничувањето на мандати, цензура на интернет и слични критики што може да се упатат за кинеската држава.
По ова секоја референца и споменување на Џон Оливер и „Минатата недела вечерва“ по 12 јуни е целосно отстранета од Веибо.
Иако емисијата не се емитува во Кина, а Јутјуб е целосно блокиран во земјата, шоуто редовно се споделува и дискутира на тамошните видео платформи.
Она што не е познато е дали постапката е по барање на кинеските власти или компанијата тоа го има направено на своја рака како предострожност. Во март кинеските власти забранија една кинеска он-лајн платформа (налик Куора) заради недоволно цензурирање содржини.
Сегментот за Кси Џинпинг: