Изразувајќи загриженост дека сиријските борци за Исламот стануваат уморни заради недостаток од сексуални задоволства, Мухамед Ал Харифи, еден од водечките религиозни лидери во регионот, издаде фатва со која на борците им се дозволува да силуваат Сиријки. Во упатството се вели дека тие мора да имаат најмалку 14 години и да бидат разведени или вдовици.
Повикот за масовно и групно силување го завитка во терминот "сексуални бракови" кои траат само неколку часа за да може секој војник да дојде на ред.
Саудиска Арабија уште од почетокот е инволвирана во сиријските судири и активно со оружје и пари ги помага единиците кои се борат против армијата на претседателот Башар Ал Асад.
Ал Харифи и претходно заговарал насилство врз жените што беше една од причините поради која Швајцарија пред неколку недели му го ускрати правото да влезе во земјата и да присуствува на еден муслимански самит.