Двете компании на своите сервиси за вести објавија дека Тркуља е еден од десетте најозлогласени криминалци во Австралија. Заради ова Гугл ќе треба да плати 350.000 долари, а Јаху веќе му исплати 241.000 долари на Тркуља.
Тој прво побарал доказ од австралиското Министерство за правда дека нема ниту едно кривично дело, а потоа го започнал процесот против двата пребарувачи.
Само адвокатите за случајот го чинеле Тркуља 150.000 долари.
Сега тој чека пресуди и против уште три портали, кои исто така ја пренесоа веста дека е еден до десетте најозлогласени криминалци во Австралија.