Како и најголемиот дел од остатокот од парите и овие не се на СБФ, туку се пари што корисниците на ФТХ ги чувале на берзата, а тој ги земал и префрлил на сметка на неговиот крипто инвестициски фонд, Аламеда ресрч, се тврди во тужбата поднесена против него во федералниот суд во Менхетен.
Освен за политички донации вредни милиони долари, СБФ парите ги користел и за инвестиции на негово име и купување на луксузни имоти. По зборови на Комисијата за хартии од вредност и берзи, СБФ го користи Аламеда ресрч како „сопствена касичка за пари“.
Кај политичките донации тој е обвинет дека парите што ги давал биле пријавени под име на други лица. На овој начин тој ги заобиколува ограничувањата за сумата на пари што поединец или корпорација смее да ги донира на еден кандидат.
Си-ен-би-си пишува дека нелегалните донации на СБФ во износ од 37 милиони долари, главно се направени на републикански кандидати, додека легалните, околу 40 милиони долари, кои ги има пријавено, одат за демократите.