Само 9% од Британците сакаат да се вратат на старото „нормално“ по завршување на изолацијата

Луѓето забележуваат промени во сопственото и однесувањето на другите луѓе, а забележуваат промени и општо во заедниците во кои живеат, во околината и во природата, и кај сите овие промените (по првичното алчење по тоалет хартија) главно се на подобро.

Повеќе од 54% од испитаниците во анкетата на ЈуГов изјавиле дека се надеваат дека ќе направат одредени измени во сопствениот живот, а по пат дека и државата (Британија) ќе научи нешто од кризата.

По друга мерка, 42% од учесниците изјавиле дека повеќе ја вреднуваат храната и останатите основни производи по почетокот на пандемијата, а 38% почнале повеќе да готват од нула.

61% од испитаниците изјавиле дека трошат помалку пари, а 51% забележале дека воздухот надвор е почист, додека 27% сметаат дека има многу повеќе диви животни. За 40% периодов има многу поголемо чувство на заедница во областите во кои живеат, а 39% многу повеќе комуницираат со пријатели и роднини.

17 април 2020 - 22:30