Руски војници упаднаа во руски аеродром

И целата работа е завршена многу руски: на пијано и со тенк.

Бетонската ограда на аеродромот во Волгоград е пробиена со БМП-3 оклопно возило на руската армија управувано од 29-годишниот десетар Александар Жербетсов. Меѓу другото возилото е опремено со проектили од 100 и од 30 милиметри.

Пред да се здене во оградата Жербетсов ги извадил од памет локалците возејќи го тенкот низ преполните улици на градот со брзина од 90 км/ч.

Десетарот прво за малку промашува една блиска куќа и удира во куп дрва за огрев, по што нагло врти и упаѓа во аеродромот.

Жербетсов подоцна е снимен во притвор со лисици на рацете, а руското министерство за одбрана не ги потврдува извештаите на локалните медиуми дека тој и неговиот колега во тенкот биле пијани.

 

26 октомври 2020 - 13:46