Демократите и републиканците со години дебатираат околу истакнувањето Прајд знамиња во американски амбасади. Праксата прв ја започна Обама, за потоа да биде забранета од Трамп во 2019, па повторно дозволена од Бајден во 2021.
Иако од зорт го потпишува законот кој овозможува дополнително задолжување на САД за државата да продолжи да функционира, портпаролот на Бајден изјавил дека претседателот сметал дека „е непристојно да се злоупотреби процесот кој беше неопходен за одржување на функционирањето на Владата со вклучување на политика која ги таргетира ЛГБТ Американците.“
Во законот не се споменува конкретно ЛГБТ знамето, туку се опфаќаат сите други знамиња освен „американското знаме, знамето на државата домаќин, знамето на други суверени држави, знамето на воените заробеници, знамето на заложниците и знамето на индијанската племенска влада.“