![](/files/styles/780px/public/vesti/2025/02/07/439211-polska-go-odbiva-paktot-na-eu.png?itok=wZTrgJ1o)
Пактот, кој ќе биде правно обврзувачки за сите 27 земји-членки, се очекува да стапи на сила во 2026 година, иако некои земји сакаат да активираат одредени елементи и порано.
Централен столб е новиот механизам на „задолжителна солидарност“ околу мигрантите. Идејата е сите земји од блокот да преземат кај себе по неколку илјади бегалци за да се олабави товарот на оние земји кои се први на удар на мигрантскиот бран, првенствено Италија и Герција.
Полска има проблем со ова. Вели дека нема да преземе дополнителни контингенти мигранти кај себе бидејќи веќе ги има отворено границите за околу два милиона бегалци од Украина а напнато е и на нејзината граница со Белорусија.
„Ако некој во Европа верува дека Полска ќе земе нов товар, да знае дека тоа нема да случи, без разлика за кого се работи. Тоа е тоа,“ рече Туск.