Два дена по апсењето, властите на Камбоџа објавија дека Швеѓаните ќе им дадат финансиска помош од 59 милиони долари за развој на демократијата во земјата.
"Камбоџа ја смета Шведска за вреден партнер во развојот на земјата и ќе ги направи сите напори за да се осигури дека помошта ќе биде искористена ефикасно," изјавил заменик премиерот на Камбоџа, Кит Чон.
Иако Камбоџа и Шведска немаат договор за екстрадиција, властите ќе го решат проблемот така што Готфрид Свартхолм ќе биде депортиран од Камбоџа во неговата родна земја - Шведска.
Во Шведска Свартхолм го чека затворска казна од 12 месеци и парична казна од 3,5 милиони евра.