Пентагон би сакал да ја знае локацијата на сите муслимани во светот

Американската војска на ангро купува податоци за локација од неколку популарни апликации за муслимани кои се симнати милијарди пати.

Податоците се од апликации како Муслим про, која служи за муслимански молитви и како Куран. Според истрагата на Мадерборд, компаниите што ги продаваат овие информации стигнале до нив преку рекламите што ги објавиле во самите апликации, од кои добиваат и повратни информации како локација на корисниците на апликацијата.

Веста на Мадерборд беше потврдена и од американската армија.

„Нашиот пристап до софтверот се користи за исполнување на неопходните услови за мисиите вон САД. Ние стриктно се држиме до воспоставените процедури и политики за заштита на приватноста, граѓанските слободи, уставните и законски права на американските граѓани,“ соопштиле од Пентагон.

Во истрагата Мадерборд ја инсталира апликацијата за лични контакти Муслим Мингл, и со помош на софтвер следи како таа постојано ја испраќа точната гео-локација на уредот заедно со името на ви-фи мрежата на која е закачен и сето тоа завршува кај компанијата Икс-моуд. Оваа компанија тврди дека следи 25 милиони уреди во САД и уште 40 милиони низ светот, и не крие дека собраните податоци ги продава на американската војска.

„Икс-моуд го лиценцира својот софтвер на мал број технолошки компании кои може работат со владини воени служби, меѓутоа нашата работа со такви соработници е меѓународна и главно е фокусирана на три полиња: против тероризам, сајбер безбедност и предвидување на идни ковид-19 жаришта,“ изјавиле од Икс-моуд за Мадерборд.

17 ноември 2020 - 11:14