Стивен Рот, извршен директор на фирмата за недвижности Ворнадо, застана во одбрана на милијардерот Кен Грифин, кој беше жртва на пи-ар настап на градоначалникот Зохран Мамдани во рамките на кампањата за воведување данок за луксузни втори домови.
Ова е годишна такса за луксузни имоти вредни повеќе од 5 милиони долари, чии сопственици не живеат постојано во градот, како за овој пентхаус, кој извршниот директор на хеџ фондот Кен Грифин го купи за 238 милиони долари“, кажува Мамдани во видеото, прегледано повеќе од 52 милиони пати.
Рот оцени дека повиците на Мамдани не само што се лоша политика, туку се и неодговорен и опасен говор што поттикнува омраза.
Фразата „Оданочете ги богатите!“, кога политичарите ја кажуваат со гнев и со презир низ целата земја, ја сметам за подеднакво поттикнување омраза исто како и некои одвратни расни навреди, па дури и фразата „Од реката до морето“, вели Рот, алудирајќи на пропалестинскиот слоган што некои Евреи го толкуваат како повик за етничко чистење.
Рот објаснува дека фразата сугерира дека „сите што се богати се зло и затоа треба да бидат напаѓани“.
Грифин, чие богатство е проценето на 51 милијарда долари, изјави дека бил сериозно вознемирен поради видеото во кое Мамдани „ја преминал границата“.
Се чини дека заборавил дека директор на друга американска компанија беше убиен само неколку блока од местото каде што живеам во Њујорк, изјави Грифин.

Ворнадо ја изгради 62-катницата со луксузни апартмани во која е и пентхаусот на Грифин. Рот истакна дека неговата компанија ги почитувала сите закони и годинава платила фер данок од над 560 милиони долари.
Богатите, кои се цел на напади од политичарите, почнале од нула и претставуваат олицетворение на Американскиот сон. Тие се нашите најголеми работодавци и најголеми филантропи. Еден отсто од најбогатите полнат 50% од даноците на доход во Њујорк. Тие со причина се на врвот на големата американска економска пирамида со причина. Треба да ги пофалат и да им благодарат за тоа, додаде Рот.
Џо Калвело, портпаролот на Мамдани, подоцна призна дека Грифин е „главен работодавач во нашиот град“ и „моќна фигура во нашата економија“, но забележа дека даночниот систем е нефункционален затоа што „ги наградува екстремните богаташи, додека работниците се на работ на егзистенција“.
