Иако процените се дека градот Њујорк го достигнал својот пик на жртви и заразени, градоначалникот Бил де Бласио тврди дека неможноста за тестирање на целата популација значи дека ќе дојде лето или есен пред градот да може да почне да се враќа на нормала.
„Неопходно ни е сеопфатно тестирање. Ова е круцијална потреба, ако сакаме да минеме на следно ниво,“ изјавил градоначалникот.
Тој ги прозва и федералните власти на САД, порачувајќи им дека градот нема да може да го одржи ниското ниво на пренесување на заразата без федералните власти да обезбедат милиони комплети за тестирање.