Како причина за отпуштањето на Галант, премиерот Бенјамин Нетанјаху наведува „криза на доверба“ која “полека се продлабочувала“, порачувајќи:
„Сред војна, повеќе од кога и да е, неопходна е целосна доверба меѓу премиерот и министерот за одбрана.“
Именувањето на Кац треба да биде одобрено од владата, а потоа и од Кнесетот.
Иако Галант е еден од столбовите на израелско-американските односи и има висок рејтинг во јавноста, тој има остри недоразбирања со Нетанјаху за клучни воени и политички прашања, како планот за ослободување на заложниците и регрутирањето на ултра-ортодоксните Евреи во армијата.
Нетанјаху и Галант не се поднесуваат и од пред војната во Газа, а Нетанјаху уште во март 2023 се обиде да го отпушти министерот, меѓутоа ја повлече својата одлука по протестите за негова поддршка.