Централен лик е британскиот хемичар и професор Мартин Полиакоф, кој работи на изучување на основите на хемијата и развивање на еколошки прифатливи процеси и материјали.
Во 2010-та за време на Светското првенство во фудбал Полиакоф направи прилично голема галама кога објави дека златниот трофеј на ФИФА нема шанси целиот да биде направен од злато бидејќи би бил премногу тежок за дигање (ФИФА тврди дека тој целиот е од злато) и дека најверојатно е шуплив од внатре.
Периодичната табела на видеата е составена од над 400 видеа во која се објаснуваат 118 елементи од Периодичната табела. Освен Полиакоф, во видеата се појавуваат и 6 други професори од Универзитетот.
Во најновото видео Полиакоф зборува за златото и тоа од најголемиот сеф со злато во Британија, во кој има 315 милијарди долари во злато.