
Унгарскиот премиер Орбан има тивка поддршка од неочекувани сојузници во блокадата за прием на Украина и на Молдавија во Европската Унија. На Брисел и на низа европски лидери им е важно проширувањето кон Исток, мнозинството не се согласува со политиките на Будимпешта, но и не сакаат да биде укине принципот на едногласност за овие прашања.
Спроти самитот на ЕУ во Копенхаген, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, лобираше кај европските лидери да прифатат промени во правилата за отпочнување преговори за пристап – наместо со едногласна согласност, тоа да се прави со квалификувано мнозинство. На тој начин Орбан може да биде надгласан и ќе се забрзаат интеграциските процеси на Украина и на Молдавија, кои Брисел настојува да ги прифати пред да паднат подлабоко во сферата на влијание на Москва.
Предлогот на Кошта, според извори на Политико, го отфрлаат Франција, Холандија и Грција, а не се очекува ни одобрување од Данска, која како актуелен претседавач на ЕУ е домаќин на самитот. Со прифаќањето на квалификуваното мнозинство, овие земји би го ограничиле сопствениот капацитет за блокада на кандидатурите за членство на земјите што ги сметаат за проблематични.
Ниту еден лидер до денес категорично не ја отфрлил идејата на Кошта за промена на правилата. Но, на Грците им е важно да ги блокираат разговорите за членството на Турција, исто како што Бугарите сакаат да ја блокираат Македонија, а Хрватите Србија, велат изворите.
Финскиот претседател Александар Стуб ги поддржува забрзувањето на процесот.
Јас лично го поздравувам секој механизам за донесување одлуки што дава поголема флексибилност и помала можност за блокирање, изјави Стуб.