Тарифата од 15.000 евра ќе биде поделена на 10.000 трошоци за спасување и 5.000 трошоци за погреб, ако и тоа затреба.
Се работи за искачувањето преку Гуте рутата од француска страна, која локалните водичи престанаа да ја работат откако кон средината на јули по неа се случи сериозна лавина на камења. Веднаш потоа локалните власти објавија предупредувања да се престане со искачувањето по оваа рута, која е достапна за планинари со секакво ниво на искуство.
Локалните власти на Твитер објавија дека десетици „псевдо-планинари“ ги игнорирале овие предупредувања, наведувајќи и 5 романски посетители кои се обиделе да го искачат Монблан во „шорцеви, патики за трчање и сламени капи“ па морале да бидат вратени назад од планинската полиција.
„Луѓето сакаат да се искачат, а смртта им е во ранците. Па ајде да ги пресметаме трошоците за нивно спасување, и цената за нивниот погреб, затоа што е неприфатливо француските даночни обврзници да мора да ја платат сметката,“ изјавил градоначалникот на Сен Жерве ле Бен, гратчето од каде тргаат турите.
Врвот е достапен и од италијанска страна преку патеката Рати, која тргнува од Курмајор, меѓутоа ова е далеку помалку користена рута. Италијанската страна не планира барање депозит од планинарите.
Безбедноста на западноевропските планини летово е проблематична заради високите температури што ги зафатија и предизвикаа лавини на мраз од тамошните глечери од кои на почетокот на јули загинаа 11 лица.
На затворената Гуте рута, локалните водичи предупредија дека „дење и ноќе гледаат лавини од камења“ заради што се до 15 август нема да ја качуваат.