МОАБ, МОАБ друже мој

MOAБ (во оригинал MOAB - Mother Of All Bombs) која ноќеска беше употребена за прв пат во историјата е најголемата ненуклеарна бомба на светот (*Русите имаат амандман на ова), има 8,5 тони експлозив и до метата беше носена со товарен авион.

Честа први лично да се запознаат со бомбата ја имаа околу 40 исламисти од ИСИС во Авганистан. Бомбата е употребена врз нивна база во земјата со цел уништување на мрежата тунели користена од терористите на ИСИС.

Тежи вкупно 9,5 тони, од кои 8,5 се експлозив од типот Х6. Долга е 9,1 метар и има дијаметар од 1 метар. МОАБ е замена за 6,8 тони тешката Дејзи катер создадена во времето на Виетнамската војна со цел расчистување огромни делови од џунглата.

Освен големината, карактеристично е што станува збор за бомба со воздушна експлозија, што значи дека експлодира пред да дојде во допир со тлото (или тврда подлога) со цел да го зголеми радиусот на уништување.

Иако е најголема ненуклеарна бомба, таа има далеку помала моќност од нуклеарка. МОАБ има експлозивна сила од 0,011 килотони, нуклеарката фрлена врз Хирошима во Втората светска војна, има 15 килотони. Симулацијата на експлозијата на тие две бомби фрлени врз Менхетен изгледа вака (во црвениот круг 100% од зградите се срамнети и сите умираат, во белиот сè е сериозно оштетено):

МОАБ

 

Литл бој (бомбата фрлена врз Хирошима)

А ова е радиусот на експлозија од Б-83, една од најголемите нуклеарни бомби на САД со моќност од 1,2 мегатони:

Русите пак тврдат дека го имаат "Таткото" на сите бомби. По бројки нивната бомба е помала и има 7,8 тони експлозив, меѓутоа станува збор за "термобаричко оружје" кое има моќност на 44 тони ТНТ, и 300 метри радиус на уништување, што е два пати повеќе од Мајката. Тоа изгледа вака:

 

14 април 2017 - 16:09