Мигранти се продаваат на отворени пазари по Либија

Оние африкански мигранти кои ќе стигнат на кое било европско тло, макар не стaпнале во италијанско Лече туку во Македонска Kаменица, можат да слават не втор туку трет живот: ги преживеале не само тоа брановите во кои се гине масовно туку и либиските пазари на кои се продаваат како робови.

„Да ги жалиш и плачеш. Колку повеќе дознаваме за ситуацијата, толку повеќе сфаќаме колку таа е драматична“, вели човек на ИОМ (Меѓународната организација за мигранти).

Мигранти од западна Африка масовно доаѓаат во Либија со надеж дека ќе заминат за Европа но завршуваат на отворени пазари за продажба на робови кои ги има низ целата земја. Посебно ранливи се оние од суб-сахарска Африка кои доаѓаат голтари, ни пари ни документи.

А организираните банди им бараат од 200 до 500 долари по човек за да ги проследат до местата од каде што се тргнува во подобар живот. Ако немаат, се ставаат во некои од многуте приватни затвори во кои работат како робови. Некои се оставаат да умрат од глад, некои се убивани.

Ако некој од групата робови почине, нивниот газда оди на најблискиот пазар за луѓе и докупува мигранти колку што му треба.

ИОМ досега успеале да репатрираат само 1.500 луѓе од западна Африка но нивната главна цел е да им објаснат на луѓето да не помислуваат да тргнуваат за Либија.

 

12 април 2017 - 09:48