Макрон, боли ли газето?

Трет ден како новата премиерка на Италија, Џорџа Мелони, од говорници го дрма Стариот континент. На ред дојде Емануел Макрон, добриот човек кој ни се обрати за референдумот да си го смениме името, а после ни го зачука првото вето.

„Емануел Макрон нè нарече одвратни, цинични и неодговорни; па италијански медиуми почнуваат да прашуваат: „Чувте ли што рече за нас г-динот Макрон? Дека сме неодговорни. Каква срамота.“ 

Неодговорни, Емануеле Макрон, се оние кои ја бомбардираа Либија зашто беа уплашени дека нема да ги задржат важните енергетски концесии договорени со Гадафи, па нè оставија ние денес да се соочуваме со хаосот од илегална емиграција. 

Циници, Емануеле Макрон, се Французите кои праќаа жандари да го вратат секој што ќе се обиде да ја премине границата во Вентимиља. 

Одвратна е онаа Франција што продолжува да ја експлоатира Африка, печати пари за 14 африкански земји и им наплаќа дебели провизии, онаа што експлоатира преку деца што работат во рудниците, преку копање сировини, како што е тоа во Нигер каде Франција вади 30% од ураниумот потребен за работа на своите нуклеарни реактори, додека 90% од граѓаните на Нигер живеат без струја. 

Не доаѓај да нè учиш, Макрон, Африканците бегаат од таму поради тебе.

Решение не е да ги префрлиме Африканците во Европа, туку да ја доослободиме Африка од некои Европејци. 

Не прифаќаме лекции, дали е тоа јасно?“

28 септември 2022 - 10:27