Мадрид би депортирал Украинци на фронт

Претставувајќи му се како Виталиј Кличко (кој е градоначалник на Киев), познатите руски пранкстери Вован и Лексус извлекоа интересен став на градоначалникот на Мадрид: Главниот град на Шпанија е расположен да депортира Украинци и да ги праќа на фронт против Русите.

Градот Мадрид би можел да обезбеди транспорт на украински мажи кои би биле депортирани од сегашните живеалишта и преземени од украинската војска за да се борат против Русија, понудил градоначалникот Хозе Луис Мартинез- Алмеида, мислејќи дека зборува со Виталиј Кличко.

„Мислам дека е неопходно да се обезбедат повеќе војници за борба против Русија,“ вели Алмеида во видеото кое го објавија Владимир Кузњецов и Алаксеј Столјаров, попознати како Вован и Лексус.

Муабетот се случил пред јунскиот самит на НАТО во Мадрид при што лажниот Виталиј Кличко побарал Украинци за „да загинат или да ги победат Русите“. Се распрашувал и дали Шпанија е расположена да ги конфискува имотите на тамошните Руси и бесплатно да им ги додели на Украина.

Алмеида уверувал дека земјата стриктно се придржува кон санкциите но дека засега во неговиот град не е пронајден имот кој би бил подложен на важечките санкции.

Последен кој Вован и Лексус го насанкаа беше „таткото на хоророт“, писателот Стивен Кинг од кого извлекоа оценка дека озлогласениот украинскиот националист и фашист од Втората светска војна, Степан Бандера, бил голем лидер. Кинг подоцна призна дека испаднал јако глуп.   

 

11 август 2022 - 10:04