Луксембуршки приоритети и владини одлуки

Луксембург донесе закон за рударење по астероиди, со кој на приватните вселенски компании им се гарантира дека се што ќе најдат додека ископуваат по астероиди и други вселенски тела ќе биде нивно.

Не дека цел Луксембург работел на тајна вселенска програма за која никој во светот не знае, туку земјата се мести да стане европски центар за "истражување и искористување на вселенски ресурси".

Летово, малата европска земја вети дека ќе инвестира 223 милиони долари во рударење на објекти во околина на планетата.

Луксембург е првата европска земја што има ваков закон. Минатата година САД усвоија слична легислатива која на американските приватни вселенски компании им дава право да задржат сè на што ќе наидат во вселената и / или ќе ископаат од астероиди. И двата закона прават разлика меѓу сопственост на ресурсите и сопственост на самата летечка карпа, односно тоа што копаш на еден астероид е твое, меѓутоа астероидот не е твоја сопственост.

 

16 ноември 2016 - 09:53