Кошмарниот старт на Бајден

Новиот американски претседател ќе добие нација преплашена од ковид, со рекордно висок дневен број на починати, сезона на грип која го достигнува пикот, и ресторани и мали бизниси уништени од пандемијата.

Бајден од 330 милиони Американци ќе треба да побара да носат маски, да избегнуваат толпи, да и веруваат на науката и стрпливо да чекаат на вакцинирање.

Иако Бајден доаѓа во време кога вакцинирањето во САД само што не почнало, американското ЦДЦ предвидува дека има „70% шанси дека сезоната на грипот ќе биде најтешка кон крајот на јануари, а над 95% шанси дека пикот ќе биде кон крајот на февруари.“

Директорот на ЦДЦ неодамна изјави дека периодот од декември до февруари „ќе биде најтешкото време во историјата на јавното здравје на нацијата“.

До сега САД имаат 279.000 починати од ковид-19, а предвидувањата се дека во првите 100 дена на Бајден бројката ќе надмине 500.000 дури и со рапидно вакцинирање на популацијата.

Моментално просечниот број на починати од ковид-19 е речиси 2.000 лица, а се очекува дека ќе достигне до 3.000 на ден.

10 декември 2020 - 15:38