Климатските промени повеќе не се закана за безбедноста на САД

Американските разузнавачки агенции 11 години трошеле пари, ресурси и луѓе на донкихотска борба со климатските промени. Дури и во првиот мандат на Трамп. Апстрактниот противник повеќе не се смета за закана. Шефицата на разузнавањето Тулси Габард објави дека шпионите и агентите отсега ќе се фокусираат на реалните противници на безбедноста и националните интереси на САД.

Климатските промени прв пат по цела деценија не се спомнати во годишниот разузнавачки извештај како безбедносна закана за САД.

Директорката на националното разузнавање Тулси Габард изјави Комитет на Сенатот дека во фокусот на новиот извештај се најекстремните и критичните директни закани за САД и за националната безбедност.

Таа лично не дала препорака да се избришат климатските промени од документот.

Сет од разни странски актери се закана за безбедноста на САД, критичната инфраструктура, богатството и владата. Непријателски држави и групи под нивна контрола настојуват да ја ослабат и да ја отстранат американската економска и воена моќ во нивните региони и глобално, пишува во извештајот.

Климатските промени беа наведени како закана во изминатите 11 извештаи, редовно дури и во четирите години од првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.

Како причини досега беа наведени климатските закани за храната, водата и енергијата, битката за природни ресурси, природни катастрофи и принудна миграција.

Во вториот мандат администрацијата на Трам почна да укинува федерални агенции, одделенија и проекти поврзани со климатските промени.

27 март 2025 - 21:47