Главниот град на Јемен моментално е под контрола на шиитските бунтовници, Хутите, кои ги протераа владините сили, инаку сунити, од Сана. Ова им успева на Хутите и покрај тоа што се под постојано бомбардирање од страна на саудиската авијација, која освен британско оружје е засилена и со британски воени советници.
Ваков развој на ситуацијата би бил проблематичен во која било развиена земја, во земја како Јемен, ова ги дотера жителите на раб од човечка катастрофа, што го покрива целиот список на симптоми: глад, неухранетост, сиромаштија, цивилни жртви, разурната економија, невработеност, немање пристап до здравство.
На прашањето од британскиот новинар, "Со што ја храниш?" бабата на Инчија, 2-годишно дете што тежи само 4 килограми, одговара: "секој ден само со млеко во прашок и вода, ставам малку леб и тоа е." Според О.Н. во Јемен моментално има околу 370.000 вакви деца.
Масовниот глад во земјата потекнува од два проблема, прво бомбардирани се сите поголеми фабрики за производство на храна, второ бомбардирани се главните пристаништа преку кои се увезува храната во земјата која е речиси комплетно зависна од увоз на храна.