
Непотврдената бројка што ја споменуваат западните медиуми е дека на Русија и се имаат приклучено 10.000 севернокорејски војници, и главно се распоредени во границите на Русија како дел од руската контраофанзива за враќање на Курск.
Процената на американски функционери е дека Ким Џонг Ун нема ништо добиено за помошта што ја испратил на Москва, ама се надева дека во иднина Русија ќе врати на услугата со помош во дипломатските битки на Северна Кореја, обезбедување технологија или помош во случај на криза.
Наводно севернокорејските војници веќе се префрлени од втората на првата линија на фронтот во Курск и активно се вклучени во борбените операции.
„Американските функционери изјавија дека не е јасно колку се ефикасни севернокорејските сили. Северна Кореја ги испратила своите најдобро обучени специјални сили да се борат, но многумина од нив изгледаат дека се неухранети.
И севернокорејските војници немаат никакво борбено искуство во вистинска војна,“ пишува Њујорк тајмс.