Со оглед на тоа што актуелниот гувернер на Калифорнија Гавин Њусам е ограничен со мандатите, Камала Харис се чини логичен кандидат на Демократската партија во која беше јавен обвинител а и Холивуд ја сака.
Но, ако се фати за орото, може да се соочи со сериозен противник од кај Трамп, неговиот пратеник за специјални мисии, кој сака да ѝ ја расипе забавата.
„Не би одбил да влезам во таква трка,“ изјави Ричард Гренел.
Тој смета дека Камала Харис би била толку лош избор што на Репубиканците конечно би им отворила простор нивен кандидат да победи во Калифорнија после повеќе од две децении (последен им беше Арнолд Шварценегер кој стана гувернер во 2003 година).
„Ако Камала Харис се кандидира за гувернер, верувам дека со таков багаж од стотици милиони долари кои ги потроши во кампањата, само за да покаже колку е лоша, тоа значи дека Републиканците конечно имаат изгледа шанса“, им рече Гренел на новинарите на конференцијата за безбедност во Минхен.