Сакајќи малку од малку да одбрани тоа што е останато од француските вредности во Франција, Макрон пред некое време се стави во одбрана на правото на објавување цртежи од Пророкот Мухамед. Кратко по ова арапските нации активираа опција - бојкот на француски производи. Сега на Франција не и е јасно што не им е јасно на Арапите, и обратно.
Откако француските производи беа тргнати од дел од продавниците во Кувајт, Јордан и Катар, француското министерство за надворешни работи ги нарече „неосновани“ повиците за бојкот кои се „промовираат од радикално малцинство“.
Освен поединечните брендови на производи, повикот за бојкот го опфаќа и ланецот супермаркети Керфур, и други интернационални компании кои доаѓаат од Франција.
Причина за актуелниот спор се коментарите на Макрон по убиството на францускиот професор, на кого му беше отсечена главата затоа што на својот час јас покажал карикатурата на Мухамед.
Макрон порача дека професорот Самуел Пати „беше убиен затоа што исламистите ја сакаат нашата иднина“, ама Франција нема „да се откаже од нашите карикатури.“
Заради овие изјави веднаш се кренаа властите на Турција и Пакистан, кои го обвинија Макрон дека не ја почитува на „слободата на верско уверување“ и маргинализира милиони муслимани во Франција. Ердоган го дополни со ова со порака дека Макрон треба да си ја прегледа главата заради изјавите за Исламот.
Се работи за истите карикатури за кои пред некоја година беше масакрирана редакцијата на сатиричниот весник Шарли ебдо.