„Забраната за мотори со внатрешно согорување од 2035 е погрешна и мора да се повлече.
Нашите производители на возила се глобални лидери во производство на мотори со внатрешно согорување. Заради оваа причина апсурдно е да се забрани технологија што функционира и во иднина да им се остави на други држави,“ порачал Содер во интервјуто за германски Билд.
Тој во исто време е и против одлуката на германската влада да се укинат субвенциите за купување на електрични автомобили.
Неодамнешна студија покажала дека 61% од Германците се против забраната за возила со внатрешно согорување од 2035 години, а само 24% ја поддржале.
ЕУ минатата година ја донесе забраната со поддршка од сите членки и Европскиот парламент.