
На почетокот од следната година 154 метри долгиот Вил де Бордо кој пренесува компоненти за Ербас, прв ќе го развие змејот од 500 квадратни метри на своето патување преку Атлантскиот океан.
Змејот се вика Сивинг (морско крило) и е развиено од Ерсис, компанија создадена од Ербас. Ветувањето на Ерсис е дека змеј со површина од 1.000 метри квадратни, кој лета на височина од 300 метри ќе ја намали потрошувачката и загадувањето од бродовите за околу 20%.
Ерсис тврдат дека нивната технологија е автоматизирана и може да биде инсталирана на секој брод, без разлика на неговата големина, за само неколку денови.
Бродскиот транспорт е една од индустриите кои најтешко ги исполнуваат целите што ги имаат според климатскиот договор од Париз. Плус тие се под притисок и од клиентите со кои работат, кои имаат ветено дека нивните ланци на снабдување ќе станат што е можно поеколошки.
Бродовите носат над 80% од сите производи кои се тргуваат глобално, со што на нив отпаѓаат 3% од глобалното загадување со јаглерод-двооксид.