Џефри Сакс: Путин ќе ги издржи санкциите

Нереално е да се очекува дека со санкции, Русија ќе биде клекната на колена, вели познатиот економист Џефри Сакс. Според него, штетите од долготрајни санкции ќе се свртат кон Запад а нема ништо да се постигне во Русија. Потсети на Венецуела, Северна Кореја, Иран....

„Русија е огромна земја која поседува 1.600 нукларни боеви глави. Да ја фрлиш неа на колена, едноставно е нереална и невозможна идеја. Да ми е да знам кои луѓе го смислија тоа и што им е во главите,“ изјавил за Шпигел Џефри Сакс.

67 годишниот економист особено е познат како кризен менаџер (додуша контроверзен) а беше и економски советник на Русија во 90-тите години.

Според него, Русија има вина но војната во Украина е првенствено неуспех на Запад кои и ја доведоа земјата во ваква ситуација, ветувајќи ѝ дека ќе биде примена во НATO и ЕУ. Сакс единствено верува во опцијата Германија да се вразуми и да проба да се најде со Путин на половина пат, бидејќи американската политика е таа што ја знаеме:

„Санкциите се типична алатка на американската надворешна политика, но ретко кога успеваат. Во Венецуела пробаа да го сменат Мадуро со санкции. И? Денес во него се крстиме барајќи да ја намали нафтената размена со Русија. Со Иран, со Северна Кореја, не само САД туку цел Запад утна мизерно“.

Дури и денес, кога е јасно дека Украина во догледна иднина нема шанси да стане членка на нАТО, западни политичари го држат тоа прашање актуелно.

Шпигел: Но Украина самата сака да биде во НАТО. Државите би требало да имаат право да избираат во какви сојузи ќе бидат.

Џефри Сакс: Многу земји сакаат да бидат во НАТО, но одлуката да се примат сите не е врв на разумноста. Како САД ќе реагираа ако Мексико посакаше да влезе во воена алијанса со Пекинг? Да, во истата секунда ќе покренеа „специјална операција.“, вели Сакс.

13 март 2022 - 11:14