Протестот предводен од Оскаровката Ема Томсон, а поддржан од Гринпис, е против планот на енергетската компанија Куардила да започне со фрактурирање, процес кој до сега се покажа како крајно штетен метод за околината. Сепак, уште 2014-та британскиот суд има забрането какви било протести на земјиштето во близина на британскиот град Ланкашир.
Ситуацијата ја решава сопственикот на земјиштето, кој "крајно вознемирен" од тоа што демонстрантите со нивниот камп го попречуваат во обработување на земјиштето, одлучува целиот камп неколку пати да го обиколи со прскалката за природно ѓубриво, која е монтирана на мини цистерна полна со измет и вода.
Компанијата што ја има добива лиценцата за вадење гас се уште нема одлучено дали ќе преземе судска постапка заради прекршување на забраната. За целата работа, ЦЕО-то на Куардила порачува: "Славни личности од Лондон што недозволено се наоѓаат на земјиште на фармери од Ланкашир, попречувајќи ги во секојдневните активности додека нам ни држат предавања од каде треба Британија да се снабдува со природен гас е повеќе од смешно."