Медиуми се повикуваат на инсајдери во Демократската партија кои тврдат дека тајниот заговор за смена на Бајден пред изборите се менаџира во моќниот круг од Бил и Хилари Клинт, Барак и Мишел Обама, Ненси Пелоси и Чак Шумер.
Клучно ќе биде како сондажите ќе ја измерат ситуацијата после првата дебата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп.
Како можен наследник се спомнуваше Гавин Њусом од Калифорнија иако тоај негира дека има такви планови.
За некои медиуми симптоматично е што Хилари Клинтон повторно се активираше на јавната сцена што им е сигнал дека таа ги остава своите опции отворени.
Не мал број демократски консултанти шпекулираат дека највисоките партиски функционери би можеле, она што го бараат, помлад и подинамичен лидер, да го најдат во некој како Мишел Обама.
Официјална позиција на Вашингтон е дека виралното видео со Бајден е евтин фалц кој бил манипулиран бидејќи Републиканците не можат поинаку против пертстедателот кој ја јакне економијата, отвора работни места и ги зајакнува сојузништвата во странство.