Берни Сандерс ја консолидира поддршката од Левицата и влегува во видливо водство во трката за огромниот колач делегати во критичниот месец пред примарните избори во Калифорнија закажани за трети март.
Сенаторот изби во водство благодарејќи на зголемената поддршка на оние што се категоризираат како „многу либерални“, промена која најмногу оди на штета на Елизабет Ворен. Освен овој корпус, Сандерс останува силен кај Латиносите и младите.
На последната сондажа од ноември, Сандерс и Ворен беа изедначени но сенаторката од Масачусетс денес има 20% поддршка, наспроти 22% од ноември и 29% од септември.
Џо Бајден кого корпоративните про-демократски медиуми го форсираат како национален фаворит, во Калифорнија има само 15% поддршка.
Според партиските правила, делегатите одат кај кандидат кој има најмалку 15% од гласовите на национално ниво или во конгресен дистрикт. Во моментов тоа се само Сандерс, Ворен и Бајден.
Другите кандидати се под прагот и имаат едноцифрена поддршка. Меѓу нив е и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајк Блумберг, кој веќе потроши речиси 300 милиони долари на кампања. Поглупо од него, само Сорос ги има ебено своите пари.